ерозија (ж.)
Сведоци сме на прогресивна ерозија на границите проследена со создавање на нови.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Можеме слободно да кажеме дека агресивноста на неолибералната политика, во Македонија во периодот 2010-2014 година претставува главен кулприт за контиунираната ерозија на работничките права, енормната класна раслоеност и намалениот животен стандард, кои се неопходен предуслов за остварување на што поголема „флексибилизација“ на трудот, што во пракса не е ништо друго освен еуфемизам кој означува дополнителна дерегулација на пазарот на трудот, намалување на вредноста на работникот во работниот процес, негова уште поголема експлоатација, обесправување и осиромашување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ерозијата зафаќа уште еден круг односи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кога комерцијалните интереси ќе стекнат преголемо влијание над јавниот простор, конечниот резултат е уништување на чувството на споделена сопственост на тој простор (дека тој им припаѓа на сите граѓани) и ерозија на граѓанскиот идентитет.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)