ескалатор м.

ескалатор (м.)

Почна да се враќа кон неговото место, под ескалаторот кој го поврзуваше подрумот на трговскиот со првиот спрат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ескалаторите водеа до подолниот кат каде што се сместени машките оддели.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Те тера да се возите по ескалатори, а ти веќе визуелизираш: невино го пружа ноџето нанапред, испотената рака се лизга, и тој паѓа во слоу моушн додека целиот трговски занемува.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Па дури и еден ескалатор во трговските центри, можеше да биде извинет затоа што сопнал некој трубадур.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Предлагам да одиме до новата стоковна куќа. Да се возиме на ескалатори“ рече Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не можев дури ни да погледнам во тој ескалатор од премногу емоции што ме опфаќаа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Една вечер, доцна, се враќав со метрото од кај „Монпарнас“, каде што тоа е најмеханизирано, зашто за да се префрлиш од еден до друг правец минуваш низ лавиринти некогаш и по еден километар со ескалатори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На невидлив ескалатор, невидливи деца патуваат кон небото.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)