жила (ж.)

Некоја жила уште му работеше и се надевавме дека ќе може да преживее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срцето силно ми биеше и неговото тропање го чувствував во вратните жили и во слепоочниците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рацете на децата трчаат по патот на твојот глас и ги збираат искрите на свежиот поток По жилите на царските мигдали течат водите на младото сонце. Сѐ е создадено.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Им јурнала наеднаш крвта во жилите и ги преполнила со крв.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се држам така за Перипелицина, ми удираат жилите, ќе ме исклоцаат дамарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По сите жили ме жулат дури да ми се пушти крвта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Години црни жили ќе здрват, може и в крвав да паднам бој.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Но си ја слушам жилата што ми чука над слепоочници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имам јас жили и добрина векови за да векувам.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Расфрлајќи ги лилјаците на мракот и стравот, таа пее црни песни со грохотен глас, со илјадници гласни жици што шетаат низ жилите како гладни мравки.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И нешто ти се разлева надолу по жилите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од жилите на ореовината оживувал Пустиник Во очите на Пустиникот светиот пат и самотата на сите патишта пусти што водат кон ниедно море кон ниеден град.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И додека нѐ трупаат двата по патиштата на чадот на крајот од тревите ме следи прекорот на жилките со мирисот на липата околу куќата и летото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На твојот корен мојата жила врза расни ме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И дека имаат повеќе сокови во своите жили.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само уште една жиличка му удира на вратот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во густините на подземниот чад се извеле од купови јајца срдити скакулци да ги мачат безбожниците сто педесет и пет дни; главите им биле душмански, со женски коси и со ѕверски заби и имале скорпионски опаши со отровни жила: луѓето ја барале смртта и не ја наоѓале, и сакале да умрат и смртта бегала од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледав директно во очите на оние на кои им го ставаав ножот паралелно со вратната жила.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Мозокот сакаше да ги претвори во убијци додека во нив длабоко беа вкоренети жилите на животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе