жителство ср.

жителство (ср.)

Европејците се потресоа и се ужасија од тие известија и зафатија да им го укажуваат нужното влијание на своите влади за да се пресече колењето на мирното население и да му се помогне на несреќното македонско жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турција не може да ја зачува таа своја провинција без содејството на месното жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да имаше меѓу Словените во Македонија национално и религиозно единство и да имаше сознание за нив во жителството, досега наполовина ќе беше решено македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите тие дополнувања што ќе се придодаваат кон понапрешниот руско-австриски проект за реформи не само што не чинат 100000 обездомени души, 3-5000 човечки жртви и полно обескуражување на жителството во Македонија, ами не чинеа ни 100 човечки жртви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
14. “Владиното соопштение” изјавува оти руската влада ќе ги бара за Македонија оние реформи што се изработени во месец февруари од Зиновјев15 и Каличе16 и оти тие реформи се само почетокот и ќе бидат развиени понатаму сообразно со нуждите на жителството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Условот за жителство во овој замок беше преведувањето на еден автор од француски јазик на својот мајчин или друг јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мајка не можеше да ја протолкува оваа Таткова наклоност кон проучувањето на јагулите, на нивниот пат, на нивниот код на сеќавање, на нивното прастаро жителство во Езерото, на тајните на нивното заминување, на нивната поврзаност со судбината на луѓето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој требаше по цена на жителството во нова Турција да се збогува со наследството на мајчиниот османскотурски јазик, доброволно да се предаде на рајскиот егзил на неговата турска иднина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)