заветен прид.

заветен (прид.)

Ти си и утро и ливада, непрочитана книга со заветен наслов кој мириса на среќни луѓе свежи лилјави цветови и топла живеачка;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Ќе се преместам после во позаветно и ќе тепам бубачки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак ќе се крие во шумките, во заветното и ќе чека да се појават мечката и крмакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ловецот ќе го гледа тоа во шумките, во заветното, велеше, и си трае, не ја крева пушката, не пука по никого.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мојата заветна идеја е решение на социјалното прашање, имено: за да ги спасиме четириесетте милиони жители на Обединетото кралство од убиствената граѓанска војна, ние колонијалните политичари мораме да завладееме нови земји заради сместување на одвишокот на населението, заради стекнување нови пазари за стоката што се произведува во фабриките и во рудниците.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
А сепак, храмот се изградил и во него свечено бил внесен заветниот ковчег, следен од харфи и цимбала, и од песната на канторите: „Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе царот на славата“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На ова убаво, навистина заветно место, низ кое растеа и високи, веќе остарени крушови и јаболкови стебла, поубаво, поприлежно име и не можело да му се стави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го гледа заветниот ковчег сместен во светиот шатор, тој симбол на номадскиот живот на избраниот народ и не може да се насити од таа глетка од која му поминуваат трпки низ телото зашто знае дека во Арката престојува самиот единствен и возвишен Бог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)