завлече св.

завлече (св.)

Непреодолива сила го грабна и го завлече под земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Чекорел во редот на дружината пред својата запрега, потоа легнал на двоколката, се спружил отпуштен и ја завлекол едната рака во сламата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не стоеше сигурно на нозе, не можеше брзо да ги завлече рацете во студените гумени ракавици; на врвовите на неговите прсти умираше еден долго негуван акорд, една музика што се губеше како шум на секнат водопад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војникот ја завлече десната рака в џеб.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Виулицата само нѐ шиба, нѐ завлекува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца. „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми се завлекува меѓу нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми стана чудно кога Баждар ја завлече влакнестата рака во внатрешниот џеб на палтото, бараше нешто ако не ги чешаше градите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Јазикот ти се здебелува, ти ги завлекува зборовите, ама ти не запираш да ги мачиш, да ги истураш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Подзастана малку. Ја завлече едната рака длабоко во џеб и чудно ја издолжи главата; можеше да ме клукне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја завлеков раката в пазуви и извадив парче бела и тврда хартија со црвени букви. - Што е тоа?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие го туркаат нагоре, а тркалата му пропаѓаат во снегот, му завлекуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Павле ги забодува лактите и се завлечува напред. Му се слошува нешто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одново го зазборувам, го завлекувам од молчењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа чуварот ја завлече светлината по фенерот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Лозан Перуника се чувствувал како крадец што за лична корист ја завлекол раката во тајна печалба на туѓа душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе