загне св.
загнезди св.

загне (св.)

Но свињите се загнаа по нас, живи ќе нѐ јадат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама како Јон ќе ја затне на едно место водата, таа ќе се подистрга и ќе се загне на друго место.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Другиот ден пак така, велеше, мечката ќе влезе до потокот, потоа ќе се јави и крмакот, ќе го намириса воздухот со чурилката, велеше, ќе осети дека уште некој има тука некаде, и ќе загне кон кај што го води носот, по миризбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да страдам со вас и пак да сум без вас, си мислам, Господе, што ти прегрешив толку многу, си мислам, кому му сторив толку лошо, та сето лошо да се загне по мене, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата — по врат на еден два брава, и кутнал на место. Му се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја турна на кај огништето и уште малку за големо чудо ќе ја фрлеше во оганот; ја бапна во пепелта и се загна да си го милува Толето, кое веќе врескаше до зајдување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќаите ги кренаа бачилата, косачите им влегоа на ливадите, дрварите тераа дрва двапати денот, а кога пристигна седбата, ги оставија сите други работи и се загнаа да го соберат лебот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почна со јаслите од долни крај, продолжи со амбарите, каците, ноќвите, а кога и овие се досвршија им се загнаа на кочините, говедарниците, та дојде редот и на племните во кои живееја селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиве рипна од масата и се загна кон Тодора, уверен дека е некоја шега, какви во разни случаи правеа мариовците еден на друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го носам бутот, а, по мене, улишта муви се загнале и ме облетуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден светилник залета во воздухот и падна врз главата на омбашијата, а од неа бликна крв. – Пукај, сечи, коли! – се разрева раскрвавениот омбашија и сам се загна напред со голиот јатаган во забите и кубурите во двете раце. – Еј, Ристосеееее!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По него се загнал друг, а потоа и од него ништо не се познава. Трча и Андреја Тарковски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се загнаа татко му и стрико му и го откинаа Муарема со многу извинувања „да не фаќа кусур на детето", бидејќи е лудо и аџамија, не знае што прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Остана уште обврската внучињата на баба Петра и дедо Костадин да ги подготви за враќање кај нивните родители, дури не смее ни да чека ако веќе еднаш овде се појавиле од црвениот крст, туку да се загне самата и да ги пронајде кривулестите патчиња што побргу ќе ги однесат во родителската прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Крсте се поокуражи. Го сврте магарето кон човекот и кога наближа на десетина метра и се убеди дека навистина е Ристе овчарот, рипна од магарето, го извади секирчето и се загна кај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Доста крвта ѝ зовре во мозокот, и уште сред куќи го бапна котолот од глава и ѝ се загна на Митра, која, како кабаетлија се здрви, просто не можеше да мрдне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пискотниците на жените ги слушнаа Трајко и Куле, кои се вратија од испраќањето и се загнаа да видат што се направи дома во кошарчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По нив загната сурија со стапови и деца и војници, нит деца нит војници, викаат, се ѕверат најѕверно, ги саскаат кучињата отпаднати од редот за пцукање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во позајмен стил на Дон Кихот, се загнав да се туркам со она што не беше ветерница, а ја потпираше празната телевизиска кутија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе