зададе св.
зададен прид.

зададе (св.)

кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Прескокам еден водоврик на свијокот и туку се зададе некое силно брчење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се зададат авионите и народот ќе прсне да бега низ шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но во тој момент се зададе пак овчарот со насмеан сурат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Претставниците на власта и партијата им се радуваа на новите припадници на работничката класа кои засекогаш се збогуваа со животот и со навиките во планините и кои сега, сигурно, ќе му зададат конечен удар на домашниот и на странскиот класен непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе се зададат од некаде, ги гледам се држат за раце и ме гледаат како да не ме познаваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Низ набујалите од плод и зеленило овошни градини, се зададе бесна ала со широко размавтана сина антерија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се зададе пред нив распосланиот одред на партизани пред кои на средина имаше оган со голем лонец...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите ги завртоа очите горе по улицата откаде се зададоа шест наоружани луѓе и двајца селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Патот што му го зададе сега, беше сосем различен од оној по кој дојде и го одведе на сосем друга железничка станица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден авион ќе си го истера редот, а друг ќе се зададе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа би значело да наседнеме на онаа иста разлика зададена од неговите идеолози: разликата која ги исклучува сите посредувања, помеѓу автентичната и дегенерираната култура.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од таков систем, социјализмот одамна веќе беше избегал, како изгорен од пламени јазици, кои само што се зададоа од подотворената уста на капиталистичката демократија, ги натераа на бегство и младите од својата сакана земја Македонија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ќе ти се зададе вака и ќе ти го зачачка носот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Погледот ровја му беше, а ударот гигантски задаван назад и напред — смрт за Албанецот грешен.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од кај корчанското поле се зададоа црни облаци, секавици расекоа небо и донесоа бура која над нив се разлоши и разлуди.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да не им е зададено да идат по нас, како мршари по добиток што пцовисува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога го виде Невена како се зададе од ридот срцето ќе ѝ излезеше од гради... радост голема!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе