задоцни св.

задоцни (св.)

За жал со задоцнување болничките службеници сфатиле дека командантот го обеспокојувале ариите на лирскиот тенор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Задоцнувањето на музиката во однос на гореспоменатите уметности е нејзина среќа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Овде - на Балканот - каде сѐ што живее задоцнува со четири века.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Врати се, мора да го разбудиме на време нашето осумнаесетгодишно детенце кое повторно се успа и задоцни на училиште!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Со малку задоцнување. Ќе ги стаса своите гардисти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се плашиме да не задоцниме, па се туркаме, и други! се плашат да не задоцнат па и тие се туркаат и еве причина да бидеме лоши и ние и тие околу нас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа беше првпат таа да задоцни во времето на тие речиси две години многу сложена, слободна брачна заедница, и тој како објаснување ги претпостави силните врнежи кои ја потопија целата покраина за време на викендот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Задоцнив! Не најдов време. Го трошев на многу понезначајни и банални нешта, за жал.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Чудно ми е дека не ме запрашува зошто олку сум се задоцнил, не ме кара дека веќе се стемнило.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Васе влезе зазбивтано и рече: - Малку задоцнив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бев задоцнил. Имаше двајца луѓе на подиумот што седеа и разговараа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како што гледате за многу наши тешкотии: не родило доволно, не е направено убаво, не е сторено навреме, изгорело, овенало, 'рѓосало, распаднало, снемало, задоцнило и ред други работи, виновни сме самите, со нашиот јавашлук, со нашето непочитување на времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Задоцни ѝ вечер од неодложниот состанок со колегите и колешките, ама со усул, и излажи дека си си се зезнал што си бил, ама, ете, немало смисла само ти да не одиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се плашиш да не задоцниш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мама никогаш не задоцни на работа. Никогаш не се успиваше.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бургиба во тој момент го погледнал својот часовник и му рекол на угледниот гостин: Побрзајте за да не задоцните за вашиот авион.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше луѓе на кои сум им правел добрини: сум се зазел дете да им влезе на работа, болен да им се излекува, да се оперира од најбашни оператори, лек да земе од најдобри аптеки, данок ако задоцнил да плати, да не се казни, сливи со ним да се наведнам да собирам, ако се стемнувало и не можеле да стигнат да ги дособерат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Говорејќи на неговиот јазик, но со многу грешки, му објасни дека задоцнил на аудицијата, дека древното африканско племе ја освоило салата и дека се наоѓа во земја во која е смртен грев неумеењето да се одигра ритуалниот танц во чест на владетелот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јасно им се велеше дека „јужната република“ никако не се вклопува во големите планови, или ќе избрза или ќе задоцни во основните стратешки определби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе