закачен прид.

закачен (прид.)

И, што да види: автомобилот стои скоро попречно на калдрмата со отворена врата од страната на шоферот, а позади него настрана падната чеза и коњот кој виси малку подигнат над улицата закачен за неа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се слушна тропање на клучеви закачени на приврзок како котва од галија и вратата се отвори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Црквичето оддалеку ни личи на камен варосан и закачен на врвот од брегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се ближеше крајот, а графиконот закачен пред бараката на штабот покажуваше дека ако се продолжи така знамето нема да се развее над логорот од нивната бригада.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И пешкирот е таму зад вратата закачен на дрвен чивилук.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По земјата имаше послана куп свежа слама, на испреплетените гранки горе на покривот стоеше закачена лејка за вода, останата бездруго уште од полјакот и ништо повеќе.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Погледна во ќостекот што му беше свадбен подарок и кој сега го мереше времето во неговото одајче, закачен на шајка над неговото зглавје, но во густиот мрак не можеше ништо да види.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Конзервативец е човек кој пропагира семејни и конзервативни вредности, а во меѓувреме дели тендери, брка швалерки, плаќа абортуси и нема ниедно дете, а од религиозност практикува само крст кој му стои закачен на ретровизорот од џипот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Случајно или заради украс, на неговата долга брада лежеше закачено со штипка живо ракче.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги замислував старците со своите бескрајни партии домино, под топлите капки на вода од алиштата закачени меѓу полураспаднатите шперплочи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кундакот ѝ е закачен в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
2. Ако ова дрво овде е багрем, тогаш куќичката за птици е закачена за моето десно рамо, поилото за пчели се држи за сламка а ти си со Девојчето од другата средина, не ти се допаѓа преводот и ги фрлаш презреаните сливи кон косовата прегласнот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Овдека секој работник имаше број и мораше да го носи закачен на градникот, како робијашите во Ерзерум или Диар-Бекир, а чаушите евиденцијата ја водеа по број, а не по лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стануваше збор за женска долна облека закачена на втемелувачките столбови, небаре непознат пагански ритуал на повикување на божиците на плодноста.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Собирајќи ги својата чашка и неговата кригла, Азис го поведе зад шанкот каде што зад завесата во задниот дел беше закачен за ѕидот старомодниот апарат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа му го додаде тенкиот коноп на кој беа закачени четири дузини свежо испрани алишта.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Полицата висеше на посебни кабли кои се губеа во темнината зад сировиот сјај на два прастари рефлектори закачени над Подот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тогаш врагот, кој дотогаш, закачен со опашката за катарката, висеше со главата надолу и, невидлив, гледаше што се случува на бродот, веднаш го зеде ликот на тој човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе