закачи св.

закачи (св.)

По тоа влезе, зашара со батеријата наоколу и во еден момент кога светлината го закачи малку, Мече за миг му го виде лицето: под убава светла коса, сега извиткана во кадри, го гледаше по малку горделиво лице, посипан со сиви дамки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Најновите истражувања кои се правени неодамна покажуваат дека корисниците на марихуана кои долги години дувале трава имаат огромни шанси да закачат рак на мадињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Зедов една од другите слики во станот и закачив на тоа место.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Старецот весело ги распрашуваше за сето време, им прикажуваше за работата на младинците, кои што работеа блиску до неговото село и ги закачаше дека ако не станат ударници веднаш ќе ги симне од колата, за да продолжат пеш по јулскиот пек.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој ги полни торбите и ги закачува на ортомата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На Фејсбук страната некој ми закачил фотографија – јас и пријателот од возот прегрнати ја допиваме мастиката.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Затоа не ја закача ни орел ни јастреб.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бидете среќни што и вас не ве закачи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Доволно беше да се посереш јавно на плоштад и да се закачиш на јутјуб па за 2 дена да станеш главен сурат у цела држава.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сѐ што не си јал мислиш дека не се јаде, вели. Ја закачувам потката во градината и гледам дали никнал босилекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Долгите зборови ќе ги закачиш при врвот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ја запалува цигарата и ја закачува в уста. Буричнува со машата во жарјето, вади едно жарче и ја запалува цигарата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа стави во котлето вода до половина и го закачи на веригата од оџакот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејсе, младиот човек ми помагаше да ги одвртам стутканите панталони и да ги закачам на закачалки, да ги наредам по гардероберите, да ги испрскам со топла вода и да чекам до 9 часот да се испеглаат сами од себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Слезе од возот, купи каранфил, си го закачи на реверот и се упати по главната улица кон паркот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Никој не сакаше да се закачка со полковник на Стојановата гарда, па во секретаријатот Бојана беше примена како нужно зло и омилена тема за озборување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Штом го виде, Билјана стрча кон него и му се закачи за раката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги закачуваше испретураните коски со врвот на чевлите. и овој тажен судир на живите со мртвите тапо и суво одекнуваше во темниот простор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе