заколнат (прид.)
Јатакот брзо потоа ме информира дека другарот Пене ноќе се состанува со некоја девојка по име Анастасија, нагалено Таска од селото која тој ја знаел порано, но која била ќерка на многу познат монархофашист и заколнат непријател на нашата света борба.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој се воздржувал од сѐ и бил непушач, немал друга забава освен еден час дневно во вежбалницата, и бил заколнат на целибат, верувајќи дека бракот и грижата за семејството се неспоиви со дваесет и четири часовната посветеност на должноста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И тој е заколнат, ми вели Оливера, ѝ свети долгунестото лице меѓу пуштената коса, црна како ѕивт.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние сме на Балканот. Ние овде стравуваме од терористичките упади на нашите заколнати непријатели меѓу кои има и наши пребегани емигранти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Накратко, никогаш не сум сретнал ниту еден заколнат математичар кому може да му се верува надвор од равенките и корените, или кој потајно не верува дека x2 + px е апсолутно и безусловно еднакво на q.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но едно утро, најпосле, од радиото дојде првата вест за крајот на козите. – Козите – ечеше енергичниот глас на спикерот – се заколнати непријателки на социјализмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таму клучните луѓе беа за смирување, ама сега, кој да ги смири републичките, особено заколнатите антикозари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Црното семе про’рти во мене, настапија денови кога си го барав крајот и кога одлучив да го родам семето на срамот, побегнав од неговото одајче на еден салаш за да се измачувам и заколната никогаш повеќе да не го видам во животот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Османското јаничарство кое траеше неполни пет века ги надживеа своите заколнати протагонисти, продолжи да постои како состојба на човечкиот дух и однесувања и во новите времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Оттогаш на вратите на Европа се најде опасноста - Ханибал. Hanibal ante portas! И така Картагинците станаа заколнати непријатели на Римјаните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)