замет (м.)
Ги реди сите занаети „додека бабата да го разврзе крајот на црното шамивче и ги извади двата бели череци да му го плати заметот на дедот поп за работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А уште повеќе кога собрале и пари за „заметот".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нешто малу многу ќе придадат за заметот, а Милан ќе им „услужи“. Зошто се стари пријатели уште од Турско?!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Скрцнаа прешлените на вратот и се одвоија еден од друг, и кога Трајко го исправи да го грабне за гркланот, виде дека нема потреба да го прави тој замет.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ете, на прво место ќе куртулиме од мастрафот; ќе куртулиме од заметот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За заметот, ако сакаш, некоа ока сланинка, троа масца, сиренце, некој тагар брашно, гледај нема со шо да и прерана виа мојте глувци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)