замие св.

замие (св.)

Жените ќе ни стоплат и вода за да се замиеме, да се зачистиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Левтерија носи ѓум и леѓен и му потура вода да си го замие лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уља после ми го зема од пред очи го замива во млака вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со едната рака ќе си потурам, со другата ќе се замивам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дождот ја замива земјата околу него, ја заметува крвта. Да не се знае што станало тука. Може само затоа врне дождот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откако стана, се зами и испуши една цигара, одеднаш сфати дека нема што да прави и му стана здодевно, а не можеше ни да помисли да се врати в постела да прелегне и да се обиде да презаспие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И да ти пцовиса неко живинче, немаш сода сапун да го направиш. Да се замиеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас останав кај водата: сакам да се замијам, да се зачистам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На меѓата од нивата, крај грмушка осветлена од сонцето, лежи мајка му крај тукушто роденото дете; баба му Депа држи стомна со вода со која го замила; отстрана стојат неколку аргати со мотики в рака дојдени да ја видат рожбата како пастирите при раѓањето на Исус;
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас ги натурам и Ѕвездана и Капинка. Им ги осекнувам носињата и ги замивам околу устите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И првиот ден немаше, вториот ден немаше, петтиот ден, пак така, ама после, кога ја слеков да ја замијам, нешто како да ме џишна, као да ме опрли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наутро прва стануваше секако ситната Митра, погледнуваше во аголот лево од вратата и голиот грб и големата гола глава ја смируваа дека Дончо сепак се вратил на спиење, па излегуваше да мети пред одајката и да донесе пресна вода за пиење во две стомни оти едната ќе ја потроши Чана, замивајќи си го големото лице и плискајќи се под машките мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И виното трпко, во секој зглоб ти легнува. И после Левтерија ни потура замлачена вода да си ги замиеме рацете. 147
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во капињата, над чешмата, раскастрија и ги послаа сакмите, ги оставија пушките и торбите и слегоа, та се замија образ со студената снеговица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во јули застанат во вашиот двор да ја кренам раката наспроти сонцето и внимателно движејќи ја низ воздухот да се одрзува сенката на секој нејзин потег како оган што да го нагризе ѕидот сѐ дури мислата на тој цртеж не се вглоби во душата на каменот сѐ дури среде ова болно јаве на животот ѓаволски убава одново не се покажеш ти наведната како му ги замиваш раните на вашето болно ждребе и гледаш на мапата на неговата засушена крв пат што скршнува кон вилински езера и коњ на патот што `ржи самоти ѕвездите и стебленце бела бреза што се ниша над младичот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во миговите кога се определуваше за новото државјанство, во времето кога не се знаеше што му носи новиот ден по непреспаната ноќ, прифаќањето на новата држава како сопствена му се виде како помало зло отколку да се залажува со мислата на враќањето или замивањето во прекуокеанските земји со што беа опседнати душите на тукашните емигранти , сите членови на локалната албанска емигрантска политичка организација, надгледувана од будното око на овдешниот .
„Граница“ од Луан Старова
Заради големата школка, заради морето во неа, јас поначесто се преправав болен за да ме замијат, да ми го избркаат урокот, да ме благословат, да ме сожалат и да ми го остават ќесето со каменчињата и со школките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
— Нејсе, — вели дедот Петко. — Дури да и нараниме маските, да се обујме, да се замиеме образ, па шо се вели, дури да поручаме, и времето ќе дојде за одење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сигурно брзо брзо истрчале надвор и најверојатно се замиле со студената вода од цевката што излегуваше направо од земјата на неколку метра од вратата на бараката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога мајка или баба ќе ме замиеја, веднаш чувствував олеснување, како некое пролетно ветре да ми поминуваше низ телото, ми го однесуваше огнот и јас во тој миг се чувствував веќе оздравен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)