замори св.

замори (св.)

Сомневањето е само темен мачител што сака да ја замрачи и да ја замори свеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас немав таква склоност и ме заморуваа таквите карактери.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но претседателот брзо се заморува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Луција со задоволство ја прифати таа идеја, оти, рече, во сценариото сосема ја заборавила изворната народна песна; и, второто нешто, рече Земанек, би требало да биде – паузата, бидејќи програмата е особено обемна и може да ја замори публиката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Запалените зеници се шират, демнејќи го скокањето на зарчето. Ги заморува ова кривуличење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ваквата попатна панорама нѐ заморува, зашто на многу места е испресечена со канали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од ситните букви на Библијата, од каде што правев изводи, очите брзо ми се заморуваа и ме фаќаше блага главоболка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Арсо сѐ повеќе губеше стрпливост. Овој брбливец го заморува И му беше здодевно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долгиот се заморуваше од прерипнување па фати да се сопина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не вредеше шифрантот Иваз да го заморувам со вакви размисли.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крилата ѝ се заморија, очите ѝ се склопуваа желни за сон, но длабоко под неа беше море, над неа небо и немаше каде да почине.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Негативните напори, прилично ме замараат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Убавината нѐ замори „знаењето“ ни преседна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Мене ме заморува само одмор. Повеќе ми одговара комбинацијата работа и одмор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Претпладневното сонце уште не го заморува погледот што следи постапна брановитост од најближните тревки до сивоста на камењарот над лозјето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кралството живна. Луѓето толку се заморија од лагата, што само штом им дозволија, сите започнаа во ист глас да ја зборуваат вистината. Започнаа, а не можат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Чудно, никогаш не ја слушнавме да каже: А бре деца, ме заморивте! Ниту да не удри ниту да нѐ проколне.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа пуста одвикнатост да оди го заморуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Извесно време гледаше низ прозорецот, а потоа, или погледот му се замори, или почувствува страв од непознатите предели во кои автобусот почна да навлегува, почна да ги затвора очите, да дреме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ле Клезио, за кој Французите велат дека е нивниот најголем жив писател, ќе напише дека животот е она што најмногу го заморува, но и дека најмногу е восхитен токму од него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе