заоблен прид.

заоблен (прид.)

Меѓу критериумите за избор важна улога играше заобленоста и тврдоста на газот (стручњак со потесна специјалност ги удираше жените по газот и со внимание ја следеше реакцијата, оти требаше да се регистрира секој детал: тресењето на газот нагоре и надолу, на левата и на десната страна, интензитетот на тресењето на едната и на другата половина од газот, пропорцијата меѓу нив, степенот на нивната споеност и слично на тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
3. Воздухот е расцветан Звуци на запалени бои го опиваат полето И небото почнува да се доселува Во облик на ѕвезда во секој заоблен плог.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
На заобленото лице здогледа неколку пеги кои порано ги немаше на образите, а подбрадокот можеше да се забележи уште од далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јован беше сув и жилав. Му ги гледав рамената подадени нанапред, кафеави наспрема белата маица, повеќе аглести отколку заоблени, мускулите над лактот издолжени со модрите жили.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку многу поубава би била да имаше боја на лицето, пополничко тело, исполнети и заоблени раце, пополнети колкови и бедра.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Забрзувањето што го добива куршумот кога ќе се изврти низ цевката, барутот што се распрснува, пробивноста на забрзаниот метал со заоблен врв во однос на другите текстури, особено месото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прво што почувствува беше олеснување, но додека го набљудуваше цврстото витко тело како се движи пред него, со црвениот појас затегнат токму онолку колку што е потребно за да се нагласи заобленоста на колковите, почна да го притиска чувство за неговата сопствена инфериорност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напрчено, со размавтани раце рипна врз спротивната клупа, небаре по јаже четирипати прошета врз заоблената штица од облегалката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Изворот на гласот беше замаглена глетка, но сега заоблената форма му беше во фокусот, со крпа в рака го бришеше шанкот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше тоа гравура на една заоблена градба со правоаголни прозорци и со мала кула во преден план.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По малку старински направена на долговечноста да потсетува и на заблудите за Земјата: дека постои до кајшто посега видот дека топка неправилно заоблена е око превртливо и од Меркур поитро...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа имаше интересна, чудна глава, која, колку што ја гледаше Илко, толку почудна му стануваше, особено во профил: лицето и челото ѝ беа сплескани, издадени, налик на сечило од секира; носот шилест и издолжен како клун; очите ситни како мониста; веѓите тенки и споени; ушите мали, прилепени; усните заоблени, собрани како свирка. Зборуваше со шуштење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Заоблена на дното, за кон средината благо да се стеснува и да формира голем тркалезен отвор на врвот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Едноставно, лешникот, онака заоблен, мазен и тврд попрво би отскокнал отколку што би се распукнал од ударот, сечилото само би го допрело и би се одбило, освен ако не удри точно во онаа точка која е самиот, најосамен врв на лешникот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Беше тоа едно тешко парче стакло, заоблено од едната страна и рамно од другата, кое формираше речиси полутопка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја дигна главата, и од полутемнината, под црвеникавата, трепетлива заобленост на Месечината, рамнодушно ме гледаше, продолжувајќи да мрмори.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)