заостри (св.)
Европејците кажуваат оти не можат да направат ништо, оти секоја мерка од Европа комитетот ќе ја прими за заострување на неговата агитација.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сакав во мигот да не се заострува атмосферата. Жедта притискаше.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Борбата за Јужна Америка сѐ повеќе се заострува.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Борбата на светските империјализми се заострува.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Поради тоа сообраќајните органи ги заоструваат мерките за безбедност на патиштата по кои, од ден на ден, се движат сѐ повеќе и повеќе автомобили.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Строгоста на овој систем, посебно откако владата ги заостри прописите 1968. година, значително ја ограничи легалната можност на наркоманите да набават дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Понатаму, воведени се дополнителни процедури и се заострени контролните механизми кај постапката за утврдување инвалидност, кои резултираа со воведување времена инвалидска, односно семејна пензија.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Меѓутоа, периодите на невработеност се продолжуваат сѐ до моментот на заострувањето на кризата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Односите меѓу ЦК и гемиџиите најмногу се заостриле кон почетокот на 1903 година.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сега гледаме дека токму по тој период почнува огромниот „подем“ на колонијалните освојувања, во извонредна степен се заострува борбата за територијална поделба на светот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Концептот на национализмот и националнот јазик остави трага на меѓукултурните односи заострувајќи ги до таа мера, што на преведувачот повеќе не се гледаше како на креативен уметник, туку како на еден од елементите во релацијата господар- слуга, заедно со текстот на ИЈ.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
За тоа е нужно поисцрпно да се задржиме, пред сѐ, две фактички прашања: дали се забележува јакнењето на колонијалната политика, заострувањето на борбата за колонии токму во епохата на финансискиот капитал и како имено е поделен светот во тој поглед денес.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Јасно е дека борбата околу тие полузависни земји особено мораше да се заостри во епохата на финансискиот капитал, кога другиот свет веќе беше поделен.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Несомнен е, според тоа, фактот дека преминот на капитализмот кон степенот на монополистичкиот капитализам, кон финансискиот капитал е сврзан со заострувањето на борбата за поделба на светот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
До вечерта, во куќата владееше ведро расположение. Независно од нашите желби, работите се заоструваа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Иронијата е присутна во деконтекстуализацијата и во нејзиното заострување (специфично место на редимејдите); заробениот случај, “конзервиран” и предизвикувачки, латентен е во програмирањето на процесот на изибрање и во случајното фаќање на случајноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како што минувало времето, нејзината дефиниција постепено се заострувала, налагајќи построго избегнување изрази на истополова љубов.54
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Реакција по цела линија, при секаков политички поредок, крајно заострување на противречностите и во таа област се резултат на тие тенденции.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Тоа заострување на противречностите е најмоќната движечка сила на преодниот историски период кој почна од времето на дефинитивната победа на светскиот финансиски капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Хилфердинг правилно ја истакнува врската меѓу империјализмот и заострувањето на националното угнетување: „Што се однесува до новооткриените земји“ – пишува тој – „капиталот што се увозува таму ги засилува противречностите и предизвикува сѐ поголем и поголем отпор на народите, кај кои се разбудува националната свест, против туѓинците; тој отпор лесно може да премине во опасни мерки насочени против странскиот капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)