запарен прид.

запарен (прид.)

Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дуваше југ. Неподносливата запарност го душеше грлото и под клепките внесуваше суво скокоткање. Во градите недостасуваше здив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Запарниот здив на југот ги беше избркал во длабоки сенки. Да се освежат и освестат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кафеаната се полни со луѓе. Запарност и чад луто му ги дразнат зениците и го скокоткаат грлото.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Денот ја наполни пештерата со луда белина, а со неа Арсо ја чувствуваше запараноста и сувоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во тој неделен ден го тргна од тежок, опоен сон некаква улична расправија. Беше запарно и здодевно. Воздухот просто се лепеше за душник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И како е запарно овде. Врелина му ги потиснуваше градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој одново се зафати да ја прогонува смртната ладнина во телото на својот другар. Запарност му лежеше на плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)