запаѓа (св.)
Ќе запаѓам на една страна, па после на друга страна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Колку што земјата запаѓаше во поголема беда, бункерите стануваа поцврсто градени, со поголеми количини квалитетен бетон и челик...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Запаѓал во очајание и удирал со главата во ѕид, во дрво, во сè што ќе му се најдело пред него. Го наоѓале раскрвавен, премален.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На моменти, додека се внесуваше во описот на јадењата, ја забораваше првичната цел да се изберат конечно стоте (без)опасни турцизми и запаѓаше во расправи, сакајќи да ја брани тезата дека постои сличност помеѓу синтезата на арапско-персиско-турската османска гастрономија и османскотурскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според генералот Хенри Вилсон НОВ и ПО на Југославија со своите активности можеле многу да помогнат „во комплетирањето на хаосот и конфузијата во која непријателските сили запаѓаат со нивните континуирани напади“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Кога закопувавме една жена, на нејзината ќерка ѝ падна тешко, ѝ се зеде свеста, се затетерави и запаѓа на кај гробот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)