запие (св.)
Шишман го крена пак тенџерето одкако ги крена рамениците пред Србина и се запи до заборавање.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
ИВАН: Каде е тогаш Фезлиев? Да не се има запиено некаде?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)