запира несв.

запира (несв.)

Цвичат релсите, ко пауни во зоолошка градина, запира возот, но луѓето не запираат да се тресат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во себеси, во некој дел од својот мозок, тој, како што велеше, носи часовник кој никогаш не запира, што никогаш не изневерува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Често очите ми се замаглуваат и запирам...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му запира срцето и некое облаче од над него му се постила во очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Запирам и дишам брзо и од дишењето сѐ се замаглува пред мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога ќе видел татко оти не запира со свирењето, ќе му викнел да слезе и со некое ноже ќе му ја дупнел гајдата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама раката низ празно ми поминува и на празно ми запира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тропањето се повторува и татко запира да ги мрда вилиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не запираат луѓето, не запираат и мачките надвор. Се надгрчуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие нозе не запираа, не сакаа и не можеа да запрат во заедничкото движење во малото квадратесто шеталиште.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Третиот едвај да го задржи количето пред самата штица, како коњ кога се запира пред изненадно искрсната пропаст.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Венчиња мраз ќе им се фаќаат околу колената и прстите, но тие не запираат со собирањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овој ќе се штрекне и запира со плачењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тие моменти најчесто мислата ја минуваше границата и запираше во светот на татковите и моите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Десно од патот се спуштала кон своја длабочина збрчкана стрмност, лево ги запирале грмушки и камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но перипетиите на вашето писмо не запираат тука.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Козите на Чанга како да си го знаеја редот, па сега ова негово непредвидено истрчување и запирање пред непознатата коза не ги предизвикуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе