запишувач м.

запишувач (м.)

Ги вртев страниците и им се восхитував на даровитите скаски и приказки на народот, на богатите души на раскажувачите, уште повеќе на златната рака и душа на запишувачот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ова признавање на неуловливите настани во исто време се копјето на св. Ѓорѓија, сега во раката на ЗАПИШУВАЧОТ, кое сака да го опредмети сонот на св. Ѓорѓија.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Во овие записи без детализирања, дури и без истакнат личен однос богобојазливиот запишувач за случувањата што се предмет на нашиот интерес беше го употребил впечатливиот термин наезди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во тоа време, некако со тивката побуна на селаните од намуртеното Кукулино и од Побожјане, Кучковица, Мирковци и трите осамени куќи над Јанакан, некој доселеник од Измир, Селџик-бег, по татко Турчин, по мајка Ерменец, осиромашен куц поет, запишувач и опишувач на обичаи и познавач на народи и балкански јазици, застанал на страната на ограбуваните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слушајки го чрчорот птичји што достига довде, целиот пролетен брбор — На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал, го пее ова просјак сед; а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш го запишав од ред до ред.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)