запопи св.

запопи (св.)

Се запопував и се распопував, пиев и живеев како посник, пркосев и бев малечок. Сега е доста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Многу од младите жени, па дури и по некоја баба, и рака му бакнаа, мислејќи дека Сталко е веќе запопен, макар да не носеше „венец“ на глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- И не подбуцнувај. Мал си да те запопиме и да те слушаме кога да се смееме и кога да плачеме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Как Крсте, бре слепче? Откаде докаде десеттодишно дете го запопиле? — се чуди Јован, не знаејќи дека ова е пиеска, а не вистински живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Патријаршијата испрати во овие села свои, грчки даскали; грчкиот владика во Битола запопи свои попови во секое село, и преку архиготите и капиданите од андартите ја засили пропагандата за погрчување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко го дочека Петка со раширени раце и веднаш се договорија кога да тргнат кај владиката да му ја однесат молбата со потписите од селаните за да го запопи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ќе го запопи, што ќе прави владиката кога селаните се потпишале оти ќе го издржуваат овој свој нов поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)