засилен (прид.)
Во истиот период можеше да се забележи засилена употреба на турцизмите во основа од оправданиот и благороден стремеж да се истакнуваат елементите од народниот јазик, особено во стилската интензификација во некои книжевни дела.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Снегот засилено врнеше во студената и мрачна ноемвриска вечер.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ненадејно засилен удар на ветар ме подгрбави и ми ги затвори очите, ме збуни со своето ревење и со криците на дивите гуски во себе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Топлината засилено им удирала в ноздри.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му го гледам црното мрсно лице што се отсјајува на сонцето, засилено сега со некоја додатна пожарна светлина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Арафат ме испрати до излезот на резиденцијата крај која имаше засилено обезбедување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Даваме команда за засилено одење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одвреме навреме и ветрот донесува засилен пукот, по кој дознавме дека борбата сѐ уште се води.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тоа беше свадбена пролет и неа ништо, па ни неспокојот, разговорите и изблиците на војната што почна засилено да пламнува, не можеше да им ги одземе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Растеше со променливо здравје: некогаш засилено удирајќи со главата во босиците од мајка му како јунче не можејќи да се насити од цицање, а некогаш не сакаше да цица и постојано плачеше без престан и дење и ноќе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Волчешкото завивање повремено доаѓаше од северната страна, од долот меѓу Грамадна и Чукарот, и се чинеше засилено и доближено, од што во кошарата веќе се чувствуваше вознемиреност на добитокот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Меѓутоа, имаме предвид дека тргнавме од почеток - од нулта позиција - засилено работиме и ќе ја подобриме положбата. А по нас одите вие!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Засилени борби во Грција.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Морав да бегам. Бегав низ ливадата, а тие сѐ повеќе и засилено врескаа и трчаа по мене.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Додека границите, засилени со бодликава жица, не пропуштаа ни пилиња преку нив, писмата сепак пронаоѓаа пукнатини преку кои се провлекуваа и стигнуваа до секое катче на земјината топка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И пак ќе почне едно давење, грвалење за водата, за потокот и мечката одново ќе отрча да се качи на буката, велеше, ама буката ќе падне, заедно сосе мечката, велеше, и крмакот, засилен, ќе ја дупне во мевот со секачите, со ’рпалите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не му се спиеше, а ноќта бргу се спушташе над долината, донесувајќи засилен ветер и дожд.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А кога постариот брат влегуваше во политиката, главен советник, амортизер на неговите занеси, радикални замисли, засилени реакции, избрзувања, илузии, беше татко ми...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)