засили (св.)
Природно е дека ќе ги употреби Грција сите дипломатски патишта за да се задржи во Македонија на тие позиции, каде што се наоѓа од средните векови, особено од времето на турското завладување на Македонија, а грчките интереси во Македонија се бранат не од една Грција, а и од големите сили што не сакаат да се засили словенскиот елемент.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бугарите го зголемија буџетот на Егзархијата од појавата на српската пропаганда: со други зборови ја засилија нивната пропаганда и нивните интереси во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Првите обиди на новодојдените османски засилувања не успеале да го задушат востанието и покрај силните репресалии над населението.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Така, кога некој пишувал книга се поврзувал со читачот во иднината или сликарот ги чувствувал емоциите преку зрачењето на погледите од сите оние кои ја виделе сликата, па така ја засилувале својата инспирација.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Северецот се засилуваше и довлечкуваше сѐ повеќе студ.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Дождот сѐ повеќе се засилува, но Богдан не станува од клупата под борот, пробивајќи се низ короната му паѓаат јадри капки на главата и плеќите, му ги пробиваат алиштата и му ја влажнат кожата ширејќи му благи трпки по телото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се насети светликава романтичност во нашите очи која се надополнуваше и засилуваше од отсјајот на свеќата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Каравлашко не може рамнодушно да гледа на засилувањето на Бугарија со давањето автономна управа на Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мразеше темница, а изгаснатото светло само да го засилуваше чувството на клаустрофобија кое и онака го имаше. Почна да тропа по вратата.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кога заврши петтиот час уште повеќе засили.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се јавува едноличен звук кој се засилува.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Снегот се засилуваше. Се возеше бавно и тогаш си помислував, ако вака бавно се вози ќе ни требаат уште неколку дена патување до Берлин.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ане од чучната положба се потпре врз тротоарот, го засили плачењето и лицето уште повеќе ѝ се искриви.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сакаше да го искорени ересот, а успеа само да го засили.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мачнината ја засилуваше овој силен удар да се наруши хармонијата на универзалното верување, на вечното човеково право на верување во недофатната минливост.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Егзилот му ја засили интуицијата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во изминатото време на големи искушенија, уште повеќе се засили врската помеѓу луѓето и козите, наспроти сите очекувања и желби на партиските и државните власти во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А јас, извадена од памет, подзамижано се трудам да видам од мојот кревет и секогаш, ама баш секогаш знаев дека Душанка си играла докторка и дека, по своја стручна проценка, си го засилила течењето во системот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Моторот се засилува, а и огнот се засилува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)