засирен (прид.)
Станувам и одам во бањата за да си ја измијам засирената крв околу устата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Не коби, врагот да те земе! - му викаа луѓето и фрлаа кофи со вода по засирената крв да ја измијат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се гледа коска со засирена крв, црна. Како смола на пресечено дрво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По нив тече засирена црна крв а повремено, онде-овде, на површината излегуваат бели чевли и трупчиња на цели деца доенчиња.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Засирените капки удираа тешко, како оловни сачми.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се сети на своето село, на куп луѓе под сенките на големиот орев, на јатото кокошки кои го колваа буништето, на свињите кои ги таманеа како крв засирените црвени бобинки, на бунарот и чкрипотот на чекркот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дворот се наполнеше со засирена, замрзната крв, во грутки се тркалаше крвта по дворот. Не течеше вода, туку крв.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И темната бразда крв, потечена и засирена на жолтеникавата шумурина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потаму наидуваше на цели парчина засирена крв, исфрлени во дното на дирата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)