заскита св.
заскитан прид.

заскита (св.)

Обременети се со своите мисли и заскитани некаде далеку...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сомнението што се роди во мене во врска со однесувањето на човекон од приказната кого го повикувал гласот на жена му ме поттикна да напоменам дека несреќникот веројатно заскитал во оној напореден свет воден од прилично сериозен привид?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човекот постојано заскитуваше по некои патишта и предели што само тој ги знаеше и притоа одвреме навреме се насмевнуваше. Густира ама со тажно срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Наеднаш ми се причинува дека премногу се арчам во необмислени заскитувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Продолжуваше само да гледа во густите роеви снежинки, во чие што виорење не постоеше никаква разлика од вчера, завчера, чиниш денеска воопшто не беше некој друг ден, погледот пак му заскитуваше во таа маглива, бела шума од снег, еден болен човек со она чувство за умирањето во своите мускули, нараснато во него повисоко од неговите рамена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можело да се случи Благоја да заскита од единицата. Можеби отрчал по некое здолниште и го загубил патот за враќање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога немаше фудбалски натпревари тие знаеја да заскитаат низ полето, што се будеше, и таму, крај реките, каде што си ги переа своите кошули и чорапите, да го имаат пак она чувство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сум заскитала во животот, што се вели, и сум се загубила во него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Есен е. Во нашиот двор од негде ќе заскита ветерот и ќе ги заниша малку гранките на црешната.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Заскитуваше меѓу јасиките, го слушаше тихото шумолење на нивните трепетни жолти лисја, како да слушаше некоја волшебна музика, а потоа спокоен се враќаше кон колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кој му е крив на Нероден Петко што заскитал низ непознатиот свет пред да се роди?!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кон таму сега повеќе нема да може да заскита ниедна твоја мисла, макар и да пцовисаш од глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По напорниот врел ден, по почивката и вкусната вечера, децата заскитаа некаде по ливадите удолу, да ги гонат неброените светулки, што со своето светни- згасни ја разубавуваа вечерта и предизвикуваа илјадници најневозможни желби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ми личат на чуденки кои заскитале по патеки што водат низ ормани, честари, гори!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Несвесно се сврте од автобуската станица и заскита во лавиринтот на Лондон, најнапред кон југ, потоа кон исток, потоа кон север, талкајќи низ непознатите улици и не грижејќи се во кој правец оди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои од нив ќе заскитаа, па други козари ќе му ги донесеа, а Чанга, во знак на благодарност, им читаше нови работи за козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа пак ги чекаа нестрпливо неделните попладниња, за да заскитаат низ полето или да одат на стадионот и да се изразвикаат, од каде се враќаа во вечерите со по една изморена топлина во градите, за сето време продолжувајќи го оној свој ниеднаш непрекинат разговор за светот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само слушав. Слушав и не можев да се начудам тетка Боса каде заскитала да бара патни документи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Две чорлави деца, со црни вреќичиња на грб, заскитаа на заборавениот колосек.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Погледот сам му заскита во спротивното огледало, каде што го ослепуваше белата планина; се загледа некаде низ отворот на тунелот во вителот, надвор од прозорските окна, кон планината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе