застапен (прид.)
На моите долги прошетки покрај рафтовите, продолжи тој, во средбите со книгите, (имајте предвид: на овие катови се пренесени речиси сите знаења што им пречеле на некогашните поробувачи поради идеите застапени во нив) се среќавав и со таа веќе спомната вечност на вистините.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Активната е помалку застапена и се состои од спорадично и доумерено играње баскет и фудбал во доцните вечерни саати.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Во самиот комитет треба да бидат застапени сите, или неколку народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не само интелигенцијата на сите народности, не и на мнозинството од нив, ами па и интелигенцијата на најсилната македонска народност – Словените, не сета беше застапена во комитетот: србоманската и гркоманската македонска словенска интелигенција беше настрана од комитетот, па и непријателска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Регулатор на нејзината тежина најверојатно беше рибата која речиси секојдневно беше застапена во нејзината исхрана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Цртежите од педесеттите се доста застапени во МОМА во изложбата „Мислењето како форма“; изложбата стреми кон целосен преглед на целокупните Бојсови дела на хартија.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
4 Некој би рекол дека - во однос на одредена филозофска баштина во која секогаш била застапена некоја природна страна - вашата филозофска пракса помалку е обесхрабрувачка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На фирмите застапени им се именките Беласица, Самуил, Солун и Александар Велики.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
За некои автори, пак, застапени во овој избор, би можеле да речеме дека целокупниот книжевен опус им е врзан за урбаниот сензибилитет, па во таа смисла се забележува извесна доследност во нивната тематска преокупација како книжевни творци.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Денешната ширум светот застапена расправа за Модерната токму тука го наоѓа своето исходиште.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Должност на секоја култура е да создава услови за формирање добри книжевни преведувачи во различни јазични области; - Во ова издание се застапени и двајца македонски автори со заокружени опуси.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во делот за географските имиња се застапени имињата на државите во светот и нивните главни градови.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)