застапник м.

застапник (м.)

Да бидеме праведни, почитуваниот судија кого си го замислувам во овој момент како објективен застапник на својата професија можел да ѝ се обрати на поротата и со овие зборови: кажете ми почитувани браќа, кој од нас е спремен да се откаже од привлечната понуда на некоја убавица?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Модерните примитивци се застапници на предхристијанските идеи за истражување на духовноста низ телото, коешто е единствен пат за стварно искуство во една медиски потполно загадена стварност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бев го­лем застапник на брзото потпишување на Договорот за Светската трговска организација, под услов тој да важи во целиот свет и да предвидува компензациони мерки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако делото го стори старател, полномошник, застапник или адвокат – ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Санџак­бејот оттогаш ќе биде застапник на Султанот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Соочен во моите дипломатски години со палестинското прашање, во еден значен период од неговото постоење, кога се одвиваа крвавите чекори на судирот, кога се најдов во Тунис, непосредно по бомбардирањето на позициите на Арафат, потпирајќи се врз инструкциите кои ги добивав од Централата во Белград, како застапник на земјата при ПЛО, подоцна и како амбасадор во државата Палестина, по прогласот на Арафат во 1988 година, напишан од Махмуд Дарвиш, размислувајќи и чувствувајќи ја драмата во Картагина, јас често барав одговори во татковата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, во која имаше едно незавршено поглавје - за историјата-лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова и беше сторено, усно на записник пред судот, на последното рочиште, во декември 2009 – но, симптоматично во целиот овој случај е тоа што адвокатот воопшто не ја извести Триманова, како негов ополномоштувач, за вака постигнатата спогодба меѓу него и застапникот на работодавачот – па таа, за цело време, мислеше дека парите кои ѝ се исплатени на нејзината трансакциска сметка [околу 130 ЕУР], на име испратнина, се по основ на донесена судска пресуда!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со овој закон се уредуваат основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите, надлежностите, задачите и обврските на одговорните субјекти за обезбедување на еднакви можности, постапката за утврдување нееднаков третман на жените и мажите, правата и должностите на застапникот за еднакви можности на жените и мажите, како и правата и обврските на субјектите кои учествуваат во постапката за утврдување нееднаков третман на жените и мажите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Јас бев застапникот, највисокиот преставник на Титовата креација во земјата на Титовиот пријател од периодот на неврзаноста, таткото на туниската нација Хабиб Бургиба, во времето кога продолжуваше да живее култот на Тито, со последната генерација на неговите соработници во колегијалното претседателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како некогашен сорбонски дипломец, одличен познавач на францускиот, шпанскиот и другите романски јазици, тој, всушност, не се прокламираше како застапник на чистењето од опасните турцизми, туку едноставно бараше патишта како да се обезбеди иднината на потомците, како да се обезбеди најдобриот можен систем на нивното воспитување, да се формираат нивните карактери во неизвесните и секогаш променливи балкански времиња, како да живеат со јасен и здрав јазик, без нагризувачки примеси од минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Барањето содржи: – податоци за подносителот на барањето и правниот застапник, – податоци за предметот и постапката за која странката смета дека ја сторила повредата на правото за судење во разумен рок, – образложение на причините за наводно сторената повреда на правото за судење во разумен рок; – изјава за побарување на правичен надомест и –  потпис на подносителот на барањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова таа го истакнува како голем апсурд и недостаток во функционирањето на Синдикатот: имено, нејзиниот став по ова прашање е дека се јавува голема нелогичност кога вработени од синдикатот имаат спор со ССМ – за нив да нема никаков обѕир од тамошната правна служба, односно тие да немаат право на бесплатна правна помош, односно квалификуван правен застапник од својот синдикат во кој едновремено и работат, но и членуваат!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога странката има законски застапник, односно полномошник, доставувањето се врши до законскиот застапник, односно полномошникот – ако во овој закон не е определено нешто друго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во полемиката Фаик Коница постојано го употребувал псевдонимот Транк Спироберг, не само за да го затскрие парцијалниот интерес на својот албански јазик туку и за да влезе во рамноправна полемика со тогашни француски лингвисти со меѓународен авторитет какви што биле д-р Фруктје, приврзаник на есперантото, д-р Фово де Курмел, приврзаник на синиот јазик, Жак Тасе, застапник на тезата латинскиот да биде одреден за меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Н Н е за одбележување затоа што укажува на потребата работниците - тужители, од позиција на властодавци, секогаш навремено да ја следат и оценуваат работата на своите полномошници–адвокати, како тие го водат процесот и како тече неговата динамика, па ако е потребно, по претходна консултација со друг адвокат, да проценат дали е целисходно да го променат својот договорен правен застапник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уводот на пресудата 81 содржи: назначување дека пресудата се изрекува во име на граѓаните на РМ, назив на судот, име и презиме на претседателот и на членовите на советот, односно судијата поединец, име и презиме, живеалиште, односно престојувалиште на странките, на нивните застапници и полномошници, кратко означување на предметот на спорот, денот на заклучувањето на главната расправа, назначување на странките, на нивните застапници и полномошници кои присуствувале на таа расправа, како и денот кога е донесена пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Организацијата може да престане по скратена постапка за ликвидација ако, по донесувањето на одлуката за престанок на постоење од органот определен со статутот, повеќето членови на собранието или застапниците на фондацијата и на странската организација, поднесат до Регистарот заверена изјава, согласно со закон, дека се намирени сите обврски кон доверителите и кон вработените во организацијата (чл. 70, ЗЗФ). 3.  Договорните страни можат да го откажат договорот за вработување со отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога светата заповед пристигна за пристапување кон работа, се состанаа двајцата кадии, ама при одењето во Булачани, заедно со шеријатскиот ополномоштен застапник на пашата, кадиите одредија и сведоци, старци и спахии што се во близина на овој имот, и тие како чесни луѓе на овој вилает да ги потврдат меѓите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека на Брзакот му ги зема потребните основни податоци, почнувајќи од името и презимето, на Аспасија ѝ дава доволно време таа сѐ што треба и како треба да внесе во записникот, особено сѐ што тој мисли дека треба да биде внесено, а потоа, по мала пауза на којашто и го дава нужното значење, му дава збор на „застапникот на подносителот на барањето за поведување дисциплинска постапка“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе