заточение (ср.)
Останал синот да расте на рацете од таткото додека на десеттата година не се вратил братот на умрената жена од заточение.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Грчкиот патрик ни ја скршил славната Охридска Столица, а македонците до смрт ги држеле во заточение.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа била девојка сираче, само со еден брат когошто Турците го однеле на заточение и без нигде никого, па кога овој ја грабнал, никој не ја побарал.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Само крајезерските куќи, оние што беа цапнати во езерото, беа ослободени од ова снежно заточение.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Ништо не знаеш ти за моето заточение во Сахара.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кога ги здогледа јарболите, помисли дека ќе ги натоварат на брод и ќе ги испратат на заточение во некои запустени места на Мала Азија или Африка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тие се работите кои направија таа година 1872-та, при крајот на летото, да биде убиен Максим Акиноски и заедно со него и Лазор Перуноски, а неколцина мажи отерани од Потковицата на заточение некаде во Азиа, Максимовата преголема љубов да си соѕидаат потковичани црква, општина и училиште и неговото противење на Грчиштата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Изминаа, уште летоска, две години од неговото паѓање и од заточението.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Започна да ги пишува во оние долги години заточение, кога не можеше да патува.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)