заточеништво (ср.)
А него го однесоа во Костур и по кратка постапка му пресудија: за зборување на забранетиот јазик дома и на јавно место, за пцуење и напад на власта – заточеништво.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Што се случуваше со него? Дали за тоа беше виновен јужниот ветер, дали за тоа беа причина спласнатата напнатост и надежта за брзо ослободување од заточеништвото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој, навистина, му пишуваше на Али Фети, токму во времето кога тој беше министер за внатрешни работи, непосредно пред да биде испратен во заточеништво од англиските окупатори на островот Малта, но Татко не веруваше дека тој некогаш го примил неговото писмо пишувано со младешка жар и искреност.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)