затропа св.

затропа (св.)

Ситниот лимар затропа со дрвените налани и ме осветли со џебна запалка; ми ја раскопча кошулата и се загледа во пликовите на моите гради.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одвреме-навреме од улица ќе чуеја луѓе да зборуваат или некој со налани по калдрма ќе затропаше, а неколку пати и коли поминаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Некаде во средината затропа дајре и засвире тамбура.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Срцето му затропа силно и рипна на нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Воздивнав и со обете раце затропав удирајќи одвреме-навреме и со тапиот врв на чевелот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И колкот на Шишман и рацете на Србина од тоа затрепереа и камчето пак затропа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сигурен дека кучето не може да излезе надвор, Бошко го фати клепалото на вратничето и затропа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Камчето внатре затропа и Шишман радосно го погледна братучедот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Маските, коњите, магарињата токму сега почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи сѐ се изеде и изумре од глад, која затропа на сите селски врати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ќе затропаше некој врз клепалото на порта, таа веќе не брзаше низ авлијата за да ги тргне канџата и резето, - тоа сега го правеше робот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Првите капки на мајскиот, оловно тежок дожд затропаа по покривот на ламаринената фордова каросерија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Служителот не се огласи. Тоа ме разбесни и јас затропав уште посилно, сега веќе само со нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Камчето во матарката на Шишмана затропа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И ноќе, без да нѐ видат помалите, ние доброволците, построени по четворица, облечени во топли војнички униформи, со ранци на рамената, затропавме по асфалтот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Најстариот војник, сигурно беше командир или водач на групата, затропа на портата. Отворив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој е свет човек, чува од зло.“ „Не сме сонувале“ , му рекоа „Видовме голема челична каса, зашто прв пат кога те баравме згрешивме и затропавме на неговата врата.“ Застана; гледаше со неверување.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По некое време вратите затропаа. Идеше Мирко и весело си свиреше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мракот му се лепеше за кожата и тој затропа на првата врата сменувајќи ги тупаниците како чекани. Брзо, со сета сила на својот страв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од другата страна пак некој затропа: - Бам-бам-бам-бам!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе