зафатен прид.

зафатен (прид.)

- Зошто не му речеш на тато да те однесе на лекар, други очила да ти дадат - ја прашав подавајќи ѝ ги очилата. - Зошто де, од мукает, а и татко ти е зафатен.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој отпрво, зафатен со работа, не го забележа, но кога го виде зачудено ги покрена окалките: – О-хо, нашиот водоносец! – извика командантот весело, бришејќи си го со чисто бело шамиче замаглените стакла на окалките. – Каква чест! Седни.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Така христијанството и писменоста кај нас Македонците се имаат зафатено најрано од сите словенски народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа обединувањето беше зафатено врз почвата на тоа што Македонците се викаа Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Изгледа премногу е зафатен со помислата да не се случи некоја незгода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се запуштам зафатен божем од поважни работи и поважни мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Му упати молежлив поглед на човекот со лузната, но тој беше зафатен правејќи совршени крукчиња од чад со усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но вратата од кералот веќе беше зафатена и гореше, а започнуваше да гори и скалата кон чардакот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега не знам зошто одбивав да излегуваме ноќе - заради својата зафатеност или заради сјајот во твоите очи?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На балконите од повисоките згради висеа како гроздови сеирџии и во темните рамки од прозорците се лулаа подадени глави, зафатени од спојот на непреодлива љубопитност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Расипикуќата Шајчевска дури престана и ручек да прави затоа што беше премногу зафатена со правата на педерите.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Секој е зафатен со својата дома и домашни, секој сака да ти го раскаже животот. Од крај до крај да ти го раскаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше зафатен со мисли како да се избегне оваа опасност што се испречи пред нивниот пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Речта е пепел бидејќи и речта е човек се порива зафатена од луњи на омразата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Рацете се зафатени со пушките извиткани во вреќи и не можат да нѐ одбранат од него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Купето беше полно и сите седишта зафатени.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Татко беше зафатен со шпилот нови карти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие ни го подадоа цвеќето, а мене рацете ми се зафатени со друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе