зафрлен прид.
зафрли св.

зафрлен (прид.)

Годинава се беше случила неродна и феласите ги чуваа овие спасоносни плодови за гладните месеци коишто веќе беа дојдени во овие зафрлени населби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа сега минуваме како крај зафрлена станица оти место рацете ни мавта една голема црнина тага од студен мразулец што виснал од балконот и балансира укочена пред црната вистина на сонот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Му го видов наназад зафрлениот профил, ги набљудуваше ѕвездите што се тркалаат низ небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Главата му беше малку зафрлена назад, а поради аголот под кој седеше неговите очила ја ловеа светлината и Винстон гледаше два празни диска наместо очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јасно беше дека таа каса е плод на генијален самоук но, сеедно, можеше да му донесе на Мануша непознати маки иако тој со години мрзоволно се влечкаше по зафрлени браварски работилници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но Славчо немаше каде. Се врати повторно да живее во онаа негова куќарка зафрлена во трапиштата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зошто надоаѓа како да доаѓа од бестрага од кајшто заоѓа сонцето кајшто земјата и небото исчезнуваат како играчка зафрлена во потонот на баба?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тогаш ќе си дозволеше малку слобода, па на некој остаток од платно или картон, гребејќи по дното на празните кантички со бои и со некое зафрлено чкорлаво четкиче ќе измачкаше нешто за кое видно се беше потрудил да заличи на слика, но за туѓи очи уште беше неповрзана фантазмагорија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од под зафрлената сива капа му ѕиракаше белузлава коса, остра и рамна, маслинасто-зеленикавите очи немирно му играа под свилестите клепки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во олтарот зафрлена во ќошот, ’рѓа ја гризе крштелницата и иконите ги јаде црвот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние, децата од тесната, зафрлена улица се плашевме од него и го почитавме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Откај широчината доаѓаше Пенчо со зафрлена капа на тилот и длабоко завлечени раце во коланот. Газеше со војничка сигурност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сепак, ние не бевме гладни и до некаде бевме и добро облечени, ако може така да се каже, за едно такво зафрлено село, во тие високи планини како што беше Бесвина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Јас... - тивко рече девојката со тркалезно румено лице, светликави црни големи очи и долга дебела претенка, зафрлена над левата града.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А која пак од град идеше за голиот Бина во зафрленото Мариово?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По враќањето од пазар, мајка ми, прескакајќи ги зборовите, пренесе дека неколку групи на жолти пци одеднаш нападнале некои зафрлени села во западните планини.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Навлегувајќи во душите, видов дека има души затворени како цвет: благ збор им е потребен како ветре за да ги отвори; има души што 'рѓаат како железо: оган им е потребен за да се свитат и засветат; има души што како зафрлен чун на вода се брецаат: малку помош им треба за да си ја најдат насоката; има души што чмајат како семе во сува земја: влага и топлина им треба да про'ртат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во приквечерината кога мракот ги зафаќаше зафрлените агли, Глигор им се придружуваше на пејачите, пуштајќи го својот звучно тврд глас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе