зачаден прид.

зачаден (прид.)

Жолтото јазиче на пламенот се извиваше и бараше излез од стаклото на зачадената ламба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледачите влегуваат во потполно зачаден простор во којшто над црниот параван свети само една гола сијалица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И што ќе научиш таму во едно тесно, зачадено одајче. Од чадот не се гледа и учителот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Братучед му добро го познаваше местото – самоуверено влезе и седна на една празна маса во темно и зачадено сепаре во левиот агол.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пријатно беше дома, убаво мирисаше лебот што се пече, жареше разгореното огниште, играа одблесоците од пламенот по зачадените ѕидови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Над нас, високо, се движеше зачаден облак кон орел со неподвижни крилја. Не го стаса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чад од цигари се издигаше нежно нагоре. Таванот притискаше напукан и зачаден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Луѓето излегоа од зачадената колиба и не знаеја што да зборуваат, на што да се радуваат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Седат заедно во мала, зачадена крчма, а тој, убиениот хирург, им наздравува на сите ножови на светот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се препелкаше чудна светлина и некој топол флуид кружеше низ зачадените ѕидини.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За разлика од самите соништа, фабриката во којашто тие се произведуваат не изгледа убаво... како впрочем и секоја друга фабрика: има тука разни маслосани машини, и бучни апарати, и големи зачадени оџаци, и смрдливи отпадни материјали, и привилегирани шефови на смени, и млади преамбициозни кадри, и необработени сировини, и стечајни работници, и ученици дојдени на пракса...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Жолта светлина се цедеше од зачадените фенерски стакла, го полнеше мракот со трептежите на светлини и сенки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Требаше да се бара ноќев. Може да се случи цела ноќ да спие на клупа во некоја зачадена крчма а може, уште полошо, да остане надвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Болникавиот шивач, вообразувајќи дека во сите бунари на улицата се удавени мачки, се откажа од вода, сѐ додека скоро зачаден не беше пренесен в болница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Големата глава соласна, се спури зачадена, а многуте очи, од кои пред тоа зрачеше зелена, сина и црвена светлост, се изгаснаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Три часот по полноќ. Деветнаесетти август. Учесниците на советувањето еден по еден ја напуштаат зачадената просторна земјанка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Соседот го внесе во радиостаницата, го поведе низ ходниците, го доведе до една врата на која пишуваше „кадровик” и го турна низ неа во зачадената просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе