зачека св.

зачека (св.)

Но стариот легна во дворот и ги зачека клоците од забитот и војникот што зборуваше по каурски и почна да писка и лелека.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еленчињата се зачекуваат со предните нозе и со главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што се вели: едно уште ти плаче во нивата, дури кршиш ветки за да го зачекуваат до сонцето, од горештината, а друго веќе ти тежи под појасот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Свеќите горат во окопата. И пламенчето го зачекуваме со дланките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потплашени братучедите се засолнија зад амбарот пред чардакот и зачекаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со едната рака го држам детето, а со другата си помагам, се зачекувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зачекувам на трета вечер наречниците убавини да ѝ наречат на нашата момичка... ама не било пишано... душичето ѝ го земале - уште некрстено...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се подготвуваа и зачекаа. И не се излагаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пламенчето само црцори и само се поткусува. Јас го зачекувам со дланката, го бранам. 257
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се испењаме така, молченката, се поттурнуваме со врвот од прстите, се зачекуваме со лактите, се драскаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама чурук жена, мајката брееееј! — Ја заврте главата Ристе и зачека одговор од побратимот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Шо е тоа лаф не слушање, бег! — со најголема понизност одговори Трајко и зачека што ќе рече понатаму бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го стегна лактот кон кундакот и рече: - Едно, - рече и зачека малку.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја зачекаа мајка си. Таа ќе дојде и ќе ја запали печката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
— Браво, браво, а така де! — повикаа во еден глас сите тројца заповедници кога го видоа белото шамивче и зачекаа да се појават комитите на вратата и да се предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Евет, валиефенди (Разбирам господин валија) — одговори кајмакамот на оваа порака и зачека да му се јави мариовката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо ти е, мори златна, шо плачиш, шо сакаш и шо немаш? — ја запраша Толе и зачека да си ги каже Миша своите желби, кои тој веднаш имаше да ги исполни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Очигледно - расположен беше. Сашка трепетно зачека.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Застанете! Зачекајте! - зарипнато вика дедо попот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Повеќе