заштеда (ж.)
Тој, дури, за копањето на бунарот ни ги потроши домашните пари, дури и моите и, една сума, што ѝ ја имав заштедено на помалата ќерка. Нѐ остави без никаква заштеда.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Заштедите што се постигнуваат со избегнувањето на тестирањето на огласите пред да се емитираат се смешни во однос на можните загуби кога преку мас-медиј се испраќа погрешно формулирана порака.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бендоу разгледува неколку начини со помош на кои би можело да се стави крај на забраната за уживање дроги, исто како и користите и штетите од секој од тие пристапи, вклучувајки ја и заштедата на средства кои би можеле да се пренасочат во пропаганда против наркоманијата и за рехабилитација на наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дрвената граѓа беше скапа, но работната рака беше уште поскапа, и додатните трошоци за дрвената граѓа ќе ги надомести со заштеда за работната рака кога ќе се уредува екстериерот, додатната дрвена граѓа ќе овозможи побрзо да се заковат цементните страничници, а ќе биде поекономично, а освен тоа целата кула ќе биде поцврста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И мислата ми одлетуваше, пак заради онаа потреба од заштеда на силите која не станува со план, свесно, туку самото тело тоа го чини.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Стасав на ред некако во гужвата да ги извадам парите од банка кои ми беа единствената заштеда.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)