заштитен прид.

заштитен (прид.)

Промени има и кај одредбите кои се однесуваат на заштитните друштва и со кои дополнително се усложнува работата на заштитните друштва.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нивниот статус на воени заробеници е заштитен со меѓународна конвенција и имаат посебно јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Синдикалниот претставник е заштитен од отказ согласно со овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На 20 јануари 2005 година, само три дена по усвојувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, со кои значително беа намалени правата на работниците кои по сила на приликите се без работа, тогашниот министер за труд и социјална политика Стевче Јакимовски најде за сходно да изјави дека е потребно „оној што работи да не биде заштитен како мечка во планина туку да тој биде изложен на оценки.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Останував изолирано заштитена од психологии на мислења и живеења, кои се наметнуваа заедно со физиката – секогаш жедна одново и одново да се убедува во закони, низ слободни паѓања во математички насочената паралелка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Колку лесно, малечкиот буквален простор се преобразуваше во бескрајно, а заштитено метафизичко катче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во јули 2005 беше пропишано дека новооснованото заштитно друштво е должно во периодот од 90 дена да ги вработи сите работници сметано од денот на првото вработување на работник на неопределено време во друштвото.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ногата го печеше. Ја поли со вода од чешмата крај заштитната мрежа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Еднаквата одговорност, значи, за воспоставувањето на темпоралноста денес ја означувам со терминот „фразирање“, во смисла на комбинирање на одредени елементи на популарното општество низ културни слогани и корпорациски заштитни знаци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така заштитено, селото живее и се множи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој би бил тогаш барем донекаде заштитен од ударот на секоја неминовна разделба, и на последната.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше воведена и една заштитна одредба која предвидува дека присилно извршување не може да се спроведе на недвижниот и подвижниот имот на асоцијацијата, кој е неопходен за одржување состаноци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој е заштитен со својата волтажа, како галванска купола, од секакво надворешно разорување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Заштитната облека што ја користат ја добиваат еднаш на неколку години, па обично е истрошена и стара.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се чувствувам наполно заштитен овде во кујната и мирисот на колачот дури ме успива.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш полека почнував да сфаќам, иако не сосема, во кој правец одат неговите мисли, какви сѐ претпоставки исцртува неговиот ум и какви заштитни планови обликува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Помеѓу мојата клупа и нивниот кафез се движи заштитна магла - ни јас можам да посегнам по нив, ни тие се во состојба да ме зграпчат и да ме испокинат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Инстинктино, во мракот чувствуваше заштитеност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Повеќе