зборне (св.)
- Ти уште не си ѝ зборнал, а си ја нашол!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој не можеше да зборне - грлото му се стегна и му трепереше. Сиот како да се стутка и да се смали.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Таа и не разбира ништо од шахот, досадно ѝ е кога тој дома по цели часови кисне над таблата, без да зборне со неа ни збор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Извинете, - зборна тој учтиво - вие одовде ли сте? -Не. - Тогај кажете ми до кога ќе нѐ тормози оваа судбина?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Така и се случи што Соколе со него досега воопшто да нема зборнато, иако се поздравуваа в чаршија.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но тој идеше со онаа крената глава, а јас уште пред да зборнам ја чувствував сета несигурност на својот глас, како веќе да си го слушам: јас се плашев од онаа наша проклета интонација што се танчи опасно при крајот, па ќе излезе некако смешно, плачно, питачки, кога ќе му речам: „господине!“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Соколе не може да зборне, му потврдува само со глава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Што има за зборнување, пак ќе ја сретнам таму.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Лесно е да се зборне, тешко е да се најде, - рече длабокомислено Пискулиев.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Убава е, и не е чудно што двајца црномазни и мазни млади луѓе (можеби персиски дипломати?) ѝ се испулуваат и ќе си зборнат притоа нешто на својот јазик.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)