збор (м.)

Тоа е гајба со забранети јаболки; ливада за пасење стадо мисли; речник што не го содржи зборот „диета“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ќе ми се падне еднаш да зборувам за рамноправноста меѓу мажот и жената и, само што го спомнав зборот рамноправност, стана еден човек и свика: — Сѐ, сѐ, само тоа не!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се бараат луѓето и се препознаваат по слики, по лузни, по белези, по зборови...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поодувам меѓу луѓето и слушам некои зборови и како познати и како непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Застанав зад луѓето и им ги голтам зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Сакаме да го видиме, велам јас и пак му ја вртам главата, не му го поземам зборот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одвај врзува збор со збор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа ли се зборови. Тоа се плуканици – валканици...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дојди, седни, збор да прозбориме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Под еден куп камења Зборот се расправа со смртта
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Реков, тој живееше за своите зборови; туѓите беа туѓи; туѓите беа биење вода во аван или во дибек.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се вљуби во буквите и во зборовите и сега ти ќе го носиш и нивниот крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Оксиморонот држен со цврста поетска рака, се откинува преведувајќи ја песната од брегот на вресокот на брегот на молкот, од вокалот до белинката меѓу зборовите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При сѐ што беше речено погоре за новото течење во развивањето на националното самосознавање кај нас, ми се чини оти мнозина од вас во моите мислења и зборови ќе видат само една мистификација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зборовите го заземаат обликот на душата и го исполнуваат интимниот круг на мислите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Зборот има неисцрпни значења и ретко кој би можел лесно да го искорени од балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој збор одвлекуваше во непредвидлива семантичка стапица, од која не можеше да се излезе лесно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку загубено време можеше да се надомести во откривањето на вистинските зборови кои можеби и го содржеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе