збратими (св.)
На ритките над балињата со неузреаните мечти на бездомниците катаден трае збратимувањето со височините од дворот на црквата на врвот Монсерат, 3200 над морето, ветрот разнесува отчукувања на срца – вљубени срца, уморни срца, секакви срца, тука, од врвот Монсерат во Богота севезден се разлетува исчашената и искршената симетрија на живеењето а во балињата на бездомниците трепери темнината на ѕвездите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
На „балканското проклетство” така, од книга до книга, му спротивставува световен рај на толеранција, сличен на зелениот рај на детската љубов опеана од Шарл Бодлер: златно доба на несигурна конзистентност, парада на сити деца и разиграни животни, каде што семејствата се збратимуваат (покрај разликите во јазиците и религиите, етничките кланови и политичките догми), некаде помеѓу песните и извиците, некако субверзивно солидарни, како што се оние предизвикани од митскиот Чанга: „Да живее козата на комшијата!“
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не мина многу време, Албанија се зближи, се збратими со Кина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се збратимивме. Тој бран од радости доаѓа кон тука, кон вашите ровови“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ракија, збратимување, пак сомневања. Некои од дружината можеле да поскокаат и да го растргнат човекот со креста и во мантија под износениот кожув.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И да не забораваме дека ние се бориме за „збратимување....“
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)