збунет прид.

збунет (прид.)

- Велиш, нивна работа? - беше збунет старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Денот расте и паѓа во совршен ритам врши поправки на смртта а човекот е векот збунет и неупатен во пантомимата на времето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се исправив од миндерот возбуден и збунет и се обидов да застанам на болната нога.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дали беше тоа моментална збунетост или еден вид преодна фаза во животот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мис Стон го прочитала тој расказ во некој од весниците што ги носела со себе, и бидејќи очигледно била збунета или изненадена од верувањето на Јапонците дека со душата можат да упрауваат и некои други сили покрај Спасителот , побарала и негово мислење по ова прашање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И тогаш бев многу збунета и од секој одговор исплашена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Низ треперливиот дожд нејзините збунети очи за миг се задржаа на розовиот флокс, потоа се свртеа кон високите сини ралици и потоа се спуштија на жолтото ритче од маргаритки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Застануваш пред огледало и молчиш. Некој од огледалото ти подава рака ти збунето го прашуваш кој си ...
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Татко остана збунет, не можеше да претпостави ваков пресврт.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таквите збунети суштества тешко е да се детерминираат, околината бргу ги открива и бега од нив.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше очигледно, поради неговата збунетост дека не ја очекуваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Стоеше така збунет не можејќи да продолжи со работа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Надвор од градот на квечерината е нерешителна и збунета од искинатиот лет на црвеноглавите жолни со невозможно силен клун; сити се тие птици добротворки на дрвјата и без чувство се за голите козји черупки на литите страшила по нивите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
О ведар пријателе од сништата Убавината е зачуден предел Збунет ги откривам итрините на волшебникот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Мајка ми збунето го погледна татко ми. Немаше време да ја види неговата реакција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шашливиот го бута кон неа збунетиот другар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Збунетоста и глупоста одат фатени за раце.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од разделбата збунети не го ни испративме – па ни тој не ни рече збор.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе