згази св.

згази (св.)

Тој пак, кога нѐ видел фатени за рака, долго време мислел дали да нѐ казни или да ни згази на рацете, на прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ нешто предвреме, нагрешно ќе им згазат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Со голи раце сум го распретувала за да му ја откопам трагата кај што згазил.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Среќата се живее само на почек додека безочните и неа не ја згазат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ми е страв со цела нога да згазам на килимите, да не знам како да се опулам во мебелот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Душа немам да не му згазам некому на главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прекршени зборови расфрлани наоколу, ги згазиваме пред да ги изговориме.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Поништен документ.   Се враќаш таму кајшто смеата е изнасилена хуморот црн   а слободата згазена небаре догорче на споредна и слепа улица. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А магарето колку може да згази, кога копитата му се ко излижани стопариња. Ама ќе се мачиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така дури не ја прејдовме границата, да згазиме на наша земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам како е поарно да се умре: Намерно како јунак или ненамерно, како згазена бубачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А едно жешко време беше згазило: еден припек те удира озгора, а друг те начекува оздола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секогаш во секој момент ќе постои возбудувањето од победата, задоволството од згазувањето на непријателот кој е беспомошен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чувствуваше дека младоста ѝ беше згазена под патријархалниот валјак на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел, ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собере во клопче, над очите ми испушти темен превез. Таму каде што шумат боровите, таму каде шумолењето на птиците во моето тело буеја, застана тој скитник на мостот, од бучните црвени води, застана таму каде отчукнува, ѕвоното на мојот живот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ѝ пишуваше: „Ти благодарам што заборави на сѐ и ѝ згази на љубовта наша...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А може нешто да ме згази, да се загубам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И одиш така, стапка по стапка, одбираш кај можеш да згазиш, бараш здраво место што ќе те додржи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе