згрижи св.

згрижи (св.)

Нејзиниот поглед секогаш имаше нешто мајчинско кога доаѓаше од установата во чие основање учествуваше и самата, а во која беа згрижувани жените избркани од своите сопрузи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По згрижувањето на девојката, кое се заврши без офкање и стенкање, сите во групата почнаа да зборуваат за незгодата и за тоа што можело да се случи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, тој измислил, направил нешто што можеби ќе ја згрижи неговата чувствителна природа, ќе го победи стравот од непознатото, ќе му ја ублажи болката од неможноста да се сообрази со драмскиот агон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А мачката? Тоа беше мачно: да ја оставам можеби е добро, зашто во нејзина куќа ја оставам, како што една мачка си сака, да ја земам, ќе биде добро, зашто би била згрижена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сакал духовно да ме згрижи, па го правел она што можел - бараше да бидам покрај него додека траеше радио концертот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сигурно не знаевме дека ќе нѐ носат во дом, под покрив, во кревет, дека ќе ни дадат топло кафе со џем и парче леб, дека тоа го прават за наше добро, за да нè згрижат и сите тие смрдливи работи што до ситница се предвидени со домскиот ред.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас сум камен со детски плач Во утробата на светот И никој нема потреба да ме згрижи Пред челуста на ѕверот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Да, ќе изорам нива, си велам, ќе посадам дрво, безработните ќе ги згрижам, и најпосле црква ќе направам, место еден, два крста ќе ставам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)