здрвен прид.
здрвени св.

здрвен (прид.)

Лицево одамна е здрвено и неподвижно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го наслути. Стои во бел мантил пред здрвените пралуѓе и им објаснува без грч во гласот и во ликот каков е, кој е, каде се наоѓа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Телото веќе ѝ беше здрвено. Ја завиткавме во чаршаф така склопчена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кловнот останува некое време здрвен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги најде и волнените чорапи што му ги беше сплела баба му додека уште ѝ се догледуваа плетачките игли меѓу здрвените прсти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се исправи со здрвеното човечко тело преку рамо и, несигурно подавајќи ги нозете, појде кон далечните бачилски колиби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го подгреа здрвениот качамак во тавата, скрши поголемо парче сирење и по пет минути тавата беше како измиена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Измеќарот остана здрвен, гледајќи по главите што слегуваа сѐ подолу по удолницата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И сега, додека седи како здрвена на креветот станува свесна дека навистина последна заминала од кај гробот и сама се враќала.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Богуле беше левучар: се служеше само со левата рака; десната како да му беше здрвена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Одиме така крај мирната зеленика по здрвениот снег што ги впива нашите стапки како стари печати.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Изгледа долго време сум молчел, здрвен на столицата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се увери дека сите затворенички спијат, болничарката се доближи до креветот на Марија и ѝ шепотеше во увото бесрамни нежности, додека ѝ ги бакнуваше лицето, вратот напнат од страв, здрвените раце, парализираните нозе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Омајнина Има само еден момент кога сум-цел; кога ноќта и денот играат улична претстава- кога здрвен ко истепано куче легнувам на душекот од нашата соба здробен не сум- за момент; тогаш ме заобиколуваат најгорки дробни Виулици од чеканите на дрскиот кловн-свет; главата ми е дупка од светлина благо затемнета снегулка на дното од Охридското езеро- полумртва; има само еден дел од раздемнетата живеачка кога сум- цел;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Велеа: „Таа“, веднаш после тоа, кога главниот инженер отишол дома, а оној, Ристан, не можел да биде скриен, како што ги криела до тогаш сите други, бил огромен за да може да биде засолнет некаде, стоел среде собата, а таа висела, како играчка на неговиот врат, здрвен и со отпуштени раце, целиот грч, пред да се впушти во она, каде што го повикувал допирот од нејзините колкови: „Дојди колкав си, одлупи ме, сева, стори ме црвена, усвити ме, како да сум била в постела со сонцето, дојди...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Долго молчевме. Јас седев како здрвен, а тој стануваше и седнуваше, неколкупати го правеше тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
XIV. Следниот ден го најде иззавиткан во тврдото легло и со здрвена болка во сите мускули и во сите зглобови на неговото тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе