здржи (св.)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ме збуни дрскоста, а морав да се здржам, морав да покажам дека не ми се тие рамни за да се инаетам со нив.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Моментален бес проструи низ мускулите на Глигора и одвај се здржа да не го зграпчи и сплеска во ѕидот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Одвај се здржував да не се издадам...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сѐ додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но не можев да се здржам, почувствував нужда да говорам пред него, да споделам, - да ми олекне...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Доце Срменков го гледал како ја влече по себе двоколката со торби, кожи и черги и се здржувал да не се прекрсти: човекот со крвави крпи на челото и со белег на сувото лице ќе му личел и со епитрафил на безбожник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А кога Андон ги истурка сам парите на подот, по кој се колчеа пејачките, Филе не се здржа: - Мм... Шутрак...- промрмори налутено и нареди да се угасат ламбите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Миќо веќе вриеше, тој стана од земи, потскокнуваше на едната нога, а другата ја влечеше осркајќи и, лут, се спреми дури да намавне на мене, но сепак се здржа и се задоволи само со карање: „Будала!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Зрджа здив. Се стресе. Подигна пушка. Се скамени. Наслушкува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Можеби требаше да се здржам и да одбијам кога ми предложи да ми ја покаже онаа карпа на езерото каде што понекогаш ја фрла јадицата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ама тие, повеќето тукашни, ниту го погледнуваа. Само старшијата се сврте нервозно на столицата и му се опули намусен, туку пак се здржа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)