здружи св.

здружи (св.)

Синдикатот и сојузите можат да бараат од судот да ја забрани дејноста која е спротивна на правото на слободно здружување на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Религиозните пропаганди можат да имаат нешто против здружувањето на македонската интелигенција и народот само од национални причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гемиџиите биле (повеќето) интелектуалци, што доброволно се здружиле меѓу себе, формирајќи го Кружокот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Успеал и да се здружи со некои бегови и чорбаџии што го бранеле кај битолскиот валија лажејќи го дека Луман навистина понекогаш пленел, ама и против комитите се борел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Беше некоја чудна завист, што ги здружуваше уште посилно со тој негов сосед и во тоа немаше ништо навредливо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова води во карактеристичен облик на уметност во којшто многу типови на стимулација се здружени поради стимулација, повторно будење или интензивирање на психоделичното доживување, за време на кое нормалните критички матрици на мислењето стануваат дезинтегрирани и поместени кон попримитивни и спонтани реакции, иако субјективно имаат карактер на естетско доживување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со гредите од паднатите плевни ги потпираа чатиите на куќите, но многу куќи и не издржаа, та многу семејства се здружија заеднички да живеат, да го делат злото и да го молат господа што побргу ова чудо да го запре.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мора сето ова да го скроиле тие за да се осветат, бидејќи не се здружив со нив, со нивниот волчи апетит!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го изгубив видот на утробата, не бев веќе нему подобен, и трајно се здружив со двајцата понижени и бедни духом, во борба со Него, што заврши така како што заврши: јас денес мрава сум, на црн мрамор, во најцрна ноќ, а Бог не само што ме гледа, туку и го слуша топотењето на нозете мои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Марко Марикин прашуваше и секогаш сам одговараше, најмногу тогаш кога ќе предизвикаше љубопитност кај луѓето со кои се здружуваше и кон кои беше братски милослив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
123 Приватизирајќи го јавниот простор, градските власти ги привилегираат правата на сопствениците на приватна сопственост на сметка на традиционалните граѓански права на слобода на говорот и слобода на здружување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Заедниците се здружуваат и раздружуваат, а самоконститутивната активност е синонимна со овој процес.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Останатите, кои ја претставуваа демократијата, сѐ уште не можеа да се најдат заедно, сѐ уште не можеа да ги здружат силите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само, би сакал пред да се здружи со вас, да ви го речам ова: мнозина од вас се подбиваат со него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе