здуши (св.)
Според неа арно прави Пелагија што се здушила со Господ, ама не чини што не може во *ана да го напика Господ или исушениот Исус Христос онака закован на големиот дрвен крст, а и во малечкиов суртук со голата лејка што не се прибира со мракови!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А можеби човекот наишол на некое здолниште и се здушил до него.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Колку да звучи себично но чинам дека тоа уште повеќе не зближи и не здуши, заедничкиот живот ни го направи поубав, но не можам да се ослободам од чувството дека ме напушти кучката откако од мене направи свое дете во се зависно од неа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)