земјичка ж.

земјичка (ж.)

Тоа, според него, се довлекло на ребрест мев од непозната Арапија, сега го ора нивното отечество и не јаде желад, како што не ќе јаде подоцна ни трупки ни моркови, туку бара мевце, жили, души, до последната педа во црно ќе ја завитка земјичката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе срипаше од постелата, ќе свикаше не баре му дошло крајот, а со крикот ги будеше и соседите кои знаеја дека Сане се одлепил од земјата, го изгубил здивот и оти ќе му треба долго време на земјичката да си се врати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Света земјичка од Исусовиот гроб во ќесе од кожа, се сеќаваш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Под земјичкава е бескрајното царство на сиромавиот. Само тој и црвите. И сплеткани корења околу неговите коски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејасно, речиси со слики мислел. На оваа земјичка, од обете страни на Вардар, до морето што го пие тој Вардар, од безначајни семиња никнува омраза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имало години, старите тоа го слушале од татковците, кога по македонскава земјичка чумата собирала цели села и градови, во нив ни дете ни коте не останувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ах, хлапец, под ноктите си скрил земјичка татковината на дланки да ти израсне: поздрави се со својата несреќа, хлапец, на распјат заедно со неа ќе те одведат со еден брут ќе ја заковат,хлапец твојата небида на дланките.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Од непознати далечини“, спокојно и строго а така и им доликува на умните, вели вториот раскажувач: „Да го истопи мразот на земјичкава за еден нов живот, за овој нашиов.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со сонлив глас им рекол на луѓето да го погледнат. - Мојата крв, браќа, ја накисна земјичкава ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Призрачнава земјичка стануваше стојбина на призраци. Толку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговите седумдесет години му ѕвечкале под кожата. За земјичката се пролева крв како во песните. Ја браниш и удираш. А тие, како ќе ја одбранат?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)