злоба ж.
злоби несв.

злоба (ж.)

И никогаш нема да разберам како си дозволи да го направиш тоа, ноншалантно како исцеден лимон ја отфрли љубовта, поради своите себични потреби или од чиста пакост и злоба.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вик на победа, очаеност и злоба му застанува на грлото и се онесвестува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Нема поголема неправда од таа: заслужено да очекуваш сочувство а да наидеш на рамнодушност па дури и на злоба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали злобата е знак за недоверба кон индивидуата или е последица (на исто така несигурното) познавање на селското предание според кое Симоновиот предок е запаметен како негативен лик?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заишкаа по ластовицата, ги навртеа пиштолите, калашниковите борни коли и скорпии и пукаа со злост и злоба по птичето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мислев, да не мислам повеќе знаев, неспремно ќе го дочекам денот посакувам парче среќа во злобата ко изгубен зрак од сонцето во снежен метеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Дали сме доволно очајни, луди, изопачени зависно од точката на гледање кога ќе не надвладее потребата дали од безделничење или од чиста пакост, злоба и алчност да имаме храброст да ја реконструираме вистината, за секој од нас да си има по една вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Трите жени кои ги красеше злобата, лудоста и зависта останаа со спуштен поглед и подзинати усти. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вистина ли е тоа или е само злоба од Царјанка? Ако е вистина, тогаш како тој дошол овде и од кај дошол?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа не ѝ го реков од некоја злоба. Или од лицемерие. Да чува Господ. Дури ни во помислите! Само од добра намера.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нивната интелектуална амбиција, онаа наводно силна глад по знаење и мудрост поради која човек, како што велат, се решава да студира филозофија, молкум се повлекува пред првата конкретна општествена пречка и веднаш наоѓа сатисфакција во ситната злоба и лицемерието на приватниот трач.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Јас и сега со сигурност не можам да тврдам кој беше тој црвец што толку многу ги подјаде детските срца, - гладот ли, стравот ли, казните ли, секојдневните понижувања, студот ли, можеби оценката за карактеристика, можеби стројот и тој проклет ѕид, а можеби сѐ заедно, но од сето тоа едно беше јасно како ден, - потскажувањето, кукавичлакот и злобата почнаа да цутат во домот како ран компир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Фрагментот гласи: „Не, во тоа немаше никаква злоба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Отец Стефан имаше едно сосема бело око и жила на вратот што во мигови на бес и злоба (што често го напаѓаа, оти душата слаба му беше) му чукаше како кај гуштерица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги собра во една торба најпотребните работи, одрона некоја солза на вратата од убавиот, туѓ стан, во кој така убаво презими, и со злоба во срцето излета од гнездото и побегна в поле за да не се врати никогаш веќе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ - добрина, смирение, љубов и прошка - да ја скротат злобата! Сегде да има помин... ****
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ако вам ви паднит тешко од те мои думи, не са, братја, те од злоба, а од братско срце.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
А Писмородецот позелене од злоба, и жолта, горчлива пена на уста му идеше, оти царот зборови многу пофални и сјајни за мене рекол, и сликата ја поставил на вратата од гробницата на својата ќерка, и му наложил на Писмородецот и мене да ме примат во врвниот совет на царот, најумните каде што седеа, со Писмородецот на чело!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе